Оглас за вработување на Самостоен референт за управување со човечки ресурси

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                         Самостоен Референт за управување со човечки ресурси

  • Предлагање на планови и процедури во деменот на човечки ресурси согласно стандардите на Друштвото;
  • Учествува во процесот на регрутирање и селекција на вработени;
  • Ги поддржува актуелните и идни деловни потреби на Друштвото преку развој, ангажирање , мотивирање и зачувување на вработените;
  • Креира планови и предлози за обуки;
  • Го одржува човечкиот капитал во друштвото преку воспоставување на програма за  регрутирање, тестирање, интервјуирање на кандидати, спроведува интервјуа и управување со човечкиот капитал во Друштвото;
  • Учествуваат во дисциплински постапки кон вработени кои не се придржуваат кон работните обврски;
  • Учествува во изготвување и спроведување годишни евалуации и тестирања на вработени и оценување на резултатите од работата на вработените во друштвото;
  • Се грижи за усогласување со законската регулатива преку следење и спроведување на применливи активности за управување со човечките ресурси кои се во согласност со законските и подзаконските прописи;
  • Се советува со Внатрешниот правен советник во однос на усогласеност на политиките на друштвото со прописите;
  • Предлага модел за плати и останати мерки на наградување на вработените во Друштвото;
  • Ги изготвува огласите за отворени работни места;
  • Учествува во изготвување на пресметките на плати, годишни одмори, отсуства и останати извештаи од областа на човечки ресурси;
  • Учествува во изготвување на Годишен план за вработувања;
  • Ги разгледува апликациите од кандидати за вработување и го изготвува првичното селектирање до претпоставените;
  • Врши други работи на барање на претпоставените лица.
  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома;

            Најмалку 3 години работно искуство во областа на управување со човечки ресурси;

            Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се  смета за предност;

            Одлични комуникациски вештини;

            Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;

            Способност за тимска работа;

           Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Самостоен Референт за управување со човечки ресурси”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

КЛИКНИ