РАКОВОДИТЕЛ НА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВЕНА СЛУЖБА

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, за потребите на наш клиент една од најразвиените компании на глобално ниво од областа на оловно-киселински, гел батерии и акумулатори во Европа и Македонија, бараме:

 

РАКОВОДИТЕЛ НА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВЕНА СЛУЖБА (м/ж)Пробиштип

 

Работни задачи и одговорности:

  • водење, планирање, организирање, усогласување и контролирање на целото финансиско работење на компанијата, вклучувајќи го и сметководственото управување, финансиското планирање, фискалните процедури, внатрешните ревизии, контрола на трошоците, и инвестициски студии и анализи,
  • обликување, имплементација и извршување на кратки, среднорочни и долгорочни финансиски стратегии на компанијата,
  • учество при планирањето на стратегијата и деловниот развој на компанијата,
  • поставување економски и финансиски стандарди и процедури за финансиското работење на компанијата,
  • посредување на потребните информации и извештаи до раководството на компанијата за поефикасно управување,
  • соработка со одделенија и служби со цел да се предвидат и планираат трошоците и приходите на компанијата,
  • подготовка на буџетот, планирање, координација, периодично известување, вклучително и подготовка на годишниот извештај за билансот на состојба,
  • уредување на платниот промет, надзор над побарувањата, планирање на финансии и ликвидност,
  • соработка со надворешни институции,
  • следење на законодавството за непречено извршување на својата област,
  • изработка на извештаи, водење на пропишаната документација и евиденција.

 

Квалификации:

  • Образование: високо образование 2.болоњски степен, високо универзитетско образование (поранешно), итн, сметководство, книговодство и даноци;
  • Работно искуство: 5 години;
  • Познавање на јазици: течно разбирање на англискиот јазик, течно зборување, течно пишување;
  • Компјутерско знаење: уредувачи на текст - основно, работа со табеларни пресметки – високо ниво, работа си база на податоци - основно.

 

Предности:

  • Минимум 5 години искуство на работно место Раководител на финансии/сметководство или слично. Приоритет се дава на кандидати со искуство во производствената индустрија.

 

 

Понуда/Плата: Компетитивна

 

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Андријана Срчокова на +389 2 3111 741 (Понеделник-Петок) или пратете маил на  [најави се за да го видиш е-маилот]   до 28.09.2018.


Пробајте го The Headhunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »