Медицински лаборант или дипл. инж. по биологија/хемија

За компанијата: ФАРМАХЕМ е приватна компанија со над дваесетипетгодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг.    Главната дејност на ФАРМАХЕМ е продажба на лабораториски инструменти... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Дијагностика Фармахем – специјалистичка биохемиска лабораторија - Скопје има потреба од: 

медицински лаборант или дипл. инженер по биологија/хемија  (1 позиција)


Барања за позицијата:


- Завршено средно-медицинско образование (медицински лаборант со положен стручен испит) или високо образование: ПМФ (Инст. Биологија или Хемија);

- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);

- Работно искуство во биохемиска лабораторија: земање материјал за анлиза и лабораториски испитувања;

  •   Способност за тимска работа и извршување повеќе работни задачи истовремено, иницијативност, логичко размислување, комуникативност;
  •   Поседување Б возачка дозвола.

Работни задачи:

Земање на материјал за анализа, прием на пациенти и лабораториски испитувања од областa на хематологијата, биохемијата и имунологијата.

Позицијата е на шест месеци, со можност за продолжување.

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надоградба на професионален план;
  • одлични услови за работа;

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 40 часа неделно (прва смена).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 25.07.2018. 

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »