Администратор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во името на својот клиент, ДЕКРА објавува отворен конкурс за позицијата:

  • Администратор 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
  • Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
  • Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
  • Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
  • Посета на институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
  • Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
  • Подготовка на тендерска документација, учество и следење на јавни набавки;
  • Водење на секаков вид на евиденција од работниот однос, дневни отсуства од работа по сите основи (платени и неплатени);

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  • Познавање на Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Развиени способности за тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Организираност, аналитичност и флексибилност;
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 03.08.2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »