(преземи го огласот како PDF)
Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата е застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .
Во Република Македонија УНИКА е присутна 20 години преку своите две друштва за осигурување – УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, со што на нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :
МЕНАЏЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПРОДАЖБА во НЕГОТИНО
СО ИЛИ БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно или високо образование
- Организациски вештини и тимска работа
- Познавање на работа со компјутери
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Комуникација со клиенти
- Работа во системот на продажба
- Познавање на условите за осигурување и тарифите
НУДИМЕ:
- Месечна основна плата и дополнителен варијабилен дел согласно остварената продажба
- Можност за напредување и усовршување
- Професионализам
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса најдоцна до 06.12.2024 година :
[најави се за да го видиш е-маилот]
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност на кандидати за вработување .