Машински инженер во производство

  • Објавен пред 4 месеци
  • ДПТУ БРАКО - ВЕЛЕС
  • Активен до 16.04.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Велес

(преземи го огласот во Word)

ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
 

  • Развој и подобрување на постојните производи и документација;
  • Подготовка на соодветна техничка документација за нови производи;
  • Примена на соодветна документација за евидентирање на спроведените процеси;
  • Организација на производство;
  • Активно учество во процесот на решавање на проблеми;
  • Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со функцијата, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот

 

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • ВСС - Машински факултет, предност ќе имаат кандидати од производно машинство;
  • Работно искуство во производни компании ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за работа во динамична средина;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со SOLIDWORKS;
  • Одлично познавање на работа со MS Office, како и работа со апликативен софтвер;
  • Способност за подготовка на контролна документација и имплементација на контролни процедури и документирање на постигнатото;
  • Структурален пристап и способност за расудување;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.

 

ШТО НУДИ РАБОТНОТО МЕСТО:

Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот. 

Сите заинтересирани да испратат CV на следната електронска адреса hr@brako.com.mk

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за на интервју.

Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.

КЛИКНИ