ТЕХНИЧАР ЗА 5А-ски МЕРЕЊА во ГЕВГЕЛИЈА (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје:

Електродистрибуција - идни генерации

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

 

За во одделот Мерење и MDM, со место на извршување во Гевгелија, бараме:

ТЕХНИЧАР ЗА 5А-ски МЕРЕЊА во ГЕВГЕЛИЈА (М/Ж)

 

Работни задачи:

  • Формирање, одржување, контрола на точноста, на мерењето на електрична енергија (полуиндиректно / индиректно (т.н. 5А-ско мерење)) кај примо-предајни мерни места, индустриски потрошувачи, трафостаници, улично осветление
  • Монтажа / замена на елементи од мерно место (броила, мерни трансформатори) поради неисправност, неточност на мерните величини, дефект, редовно одржување или верификација, ажурирање на податоци за мерна опрема.

 

Потребни компетенции

  • III - V степен електротехничко образование
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Одлични организациски и комуникациски вештини

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 14.11.2019.

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »