ИТ Техничар/Администратор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, ФД Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

    ИТ Техничар/Администратор

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Поддршка за интерни процеси (Helpdesk)
  • Одржување на ИТ ресурси и поддршка при работа со истите
  • Инсталација на персонални компјутери, Windows OS и апликации
  • Евиденција на работа во тикетинг систем
  • Основно администрирање и поддршка за мрежна опрема
  • Техничко и оперативно администрирање на дигитална платформа за трговија
  • Внес и ажурирање на податоците
  • Следење на процес на плаќање преку платежен процесор
  • Следење на процес на достава со надворешни Друштва
  • Решавање на спорови и рекламации
  • Креирање анализи и извештаи и превземање соодветни активности
  • Техничко и оперативно администрирање и грижа за дигитални канали
  • Основна веб страна (Wordpress)
  • Веб страна за програма за лојалност
  • Мобилна апликација
  • Електронска платформа за дигитално аплицирање
  • Комуникација со надворешни соработници во доменот на своите активности
  • Ажурирање и раководење со соодветна документација и процеси во доменот на своите одговорности
  • Изработка на извештаи на месечно и годишно ниво
  • Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друшството.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција;
  • Високо образование од областа на ИТ;
  • Одлична работа со компјутери;
  • Одлично познавање и работа со
  • Microsoft Active Directory
  • Windows
  • MS Office пакет
  • Google Workspace
  • Google Analytics
  • Wordpress.
  • Искуство со работа во Helpdesk ќе се смета за предност
  • Искуство со работа во организација со имплементирани стандарди за безбедност на информациски системи и менаџмент на ИТ сервиси ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на македонски јазик( мајчин);
  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено-ниво C1/C2);
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоретизација на истите;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Лојалност и припадност кон Друштвото.

 

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »