Систем администратор (Руски јазик)

За компанијата: МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија.Присутни сме во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија ,Кина,Германија,Србија итн. Во... повеќе за компанијата »

Во потрага сме по Систем администратор со познавање на руски јазик. 

Одговорности и работни задачи:

  • Администрирање на сервери во контролните панели и интернет корисници, антивирус и заштита на PCсервери.
  • Развива софтверски алатки кои серазвиени од страна на одделот за автоматизација.
  • Координација за подобрување на процесот на чување и обработка на информациите, обезбедување на неопходна сигурност во резултатите во минимален рок.
  • Обезбедување на размена на информации во согласност со утврдена постапка.
  • Администрирање на оперативни и сметководствени програми.
  • Имплементација на софтвер.
  • Инсталирање на стандардни програми.
  • Врши обука на работниците за основни компјутерски вештини и инсталираниот софтвер.
  • Ја следи работата на компјутери.
  • Организира безбеден проток на информации во фирмата.
  • Инсталира оперативен систем на корисниците.
  • Води евиденција на движење на опрема во одделите и складирање на документите.
  • Набавка, инсталирање и пополнување на тонери за континуирано работење на принтери.
  • Елиминира проблеми поврзани со работата на хардвер и софтвер, сервери и персонални компјутери, и набавува техничка опрема за канцеларии и  други деловни простории.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  •     Организираност и ефикасност; 
  •     Способност за тимска работа;
  •     Работа со дадени рокови;
  •     Следење на интерните правила и процедури;
  •     Самоиницијативност и самокритичност;
  •     Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
  •     Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност

Што можете да очекувате од нас

  • Стекнување на интернационално искуство
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Работа во динамична средина во брзорастечка компанија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »