Специјалист за царина и шпедиција

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата HELLENiQ и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Специјалист за царина и шпедиција

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Спроведување на одлуки за договорен ангажман на шпедитери според планиран начин на превоз и ангажирани превозници;
  • Спроведување одлуки за организирање и следење на конвои од и кон инсталациите во ОКТА;
  • Изработка на документи и извештаи поврзани со превоз на деривати, шпедиција и царина;
  • Изготвување на акцизни документи (за увоз);
  • Подготовка и водење на евиденција за увозно и извозно царинење;
  • Обезбедување тајност на доверливи информации;
  • Извршување на други задачи во доменот на стручна квалификација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетско образование - пожелно Факултет за царина и шпедиција или Економски факултет;
  • Поседување на лиценца за вршење на застапување во царински постапки ќе се смета за предност;
  • Најмалку 3 години соодветно работно искуство во областа на царина и шпедиција;
  • Познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на грчки јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични комуникациски и организаторски способности;
  • Посветеност, мотивација и иницијативност;
  • Доверливост и одговорност;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Мобилност и флексибилност;
  • Способност за ефикасно решавање на проблеми;
  • Професионализам и висок етички стандард.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работното време е од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »