Шеф на сервис

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Наш клиент е АУТОМОБИЛИ ГРОУП ДООЕЛ Скопје, увозник за марките JAGUAR и LAND ROVER за Македонија и Косово. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • ШЕФ НА СЕРВИС

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Менаџирање и унапредување на ресурсите со цел да се зголеми продуктивноста и ефикасноста на сервисот;
  • Воспоставување правила и стандарди за услуги на клиентите;
  • Водење и развивање на тимот во сервисот за постигнување на квалитетна работа;
  • Спроведување на дијагностика и следење на техничка состојба на автомобилите;
  • Обезбедување на точни и целосни информации за состојбата на возилото;
  • Работи со своите луѓе во тимот и соработува со другите сектори за да се обезбеди беспрекорна услуга на клиентите;
  • Одржување професионален однос и високи стандарди, осигурувајќи го сервисот и заштитната облека чисти, уредни и во безбедна состојба;
  • Придржување кон законските, еколошките, здравствените и безбедносните барања, притоа обезбедувајќи сигурност и безбедност на луѓето, возилата и сервисот, за да се избегнат  грешки или опасности;
  • Организација и контрола на работата на вработените во сервисот;
  • Организација и координација на сервисот  во согласност со законските прописи, компаниските процедури и поставените цели.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование (ќе се смета за предност), Машински факултет;
  • Најмалку 3 години претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредни познавања на MS Office;
  • Возачка дозвола- Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови;
  • Customer Oriented.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот, своите сили ги насочува кон запознавање на потребите на купувачите, понуда на производи и услуги кои ќе ги задоволат очекувањата на пазарот, запознавање на степенот на задоволство на своите клиенти и имплементација на политиката на одржлив развој со акцент на заштитата на животната средина.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии на англиски јазик, може да ги испратат на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »