ВОЗАЧ СЕРВИСЕР

  • Објавен на 7.2017
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 26.07.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155
  • Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот.  Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 65 подружници.

 

                                                  За работа во Секторот Логистика потребен e

                                                                      ВОЗАЧ СЕРВИСЕР

 

 Основни должности:

  1. Дистрибуција на стоки и опрема
  2. Утовар на стоки во возилото и истовар на стоки од возилото
  3. Задолжување на приемница и раздолжување на отпремнина во магацинот и друга попратна документација
  4. Извештај за дневното движење и работните задачи
  5. Уредно водење на патните налози како и редовно предавање на патните налози на надредените
  6. Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
  7. Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото  кое го користи подолго или на возилото кое го користи за извршување на дневните активности во текот на денот
  8. Носење и земање на возилото од сервис, проверка на возилото за време на неговото превземање
  9. Пополнување на електронски патен налог
  10. Водење сметка за потрошувачката на горивото
  11. Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации
  12. Отклонување на ситни дефекти на водоводните инсталации и браварски работи
  13. Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
  14. Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
  15. Одржување на останатиот инвентар во подружниците
  16. Помош на другите сектори и служби во случај на потреба

 

Услови:

  • Формално образование: Средно училиште IV степен на стручна подготовка
  • Потребно искуство: Потребно е претходно работно искуство (2-3) години на слични работи со способност за  пренесување на стекнатото искуство на слични или поврзани работни задачи во новата работна средина. Потребно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи.
  • Сертификати/Лиценци: Пожелно е поседување на возачка дозвола (Ц категорија)
  • Дополнителни знаења: работа со компјутер
  • Вештини: комуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација
  • Познавање на патиштата на Македонија, познавање на локациите на уплатните места

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 26.07.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »