РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »

ИЦС ГРУП ДОО - Скопје e приватна компанија,овластен партнер  на Јапонскиот бренд DAIKIN  за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:

                           
Раководител на продажба и маркетинг

 

Цел на работното место e: Планирање и креирање на акциски план за унапредување на продажбата, преку проширување на базата на клиенти, остварување на таргетите за продажба, маркетинг активности и успешно менаџирање на вработените во тимот.

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование, Машински факултет, Економски факултет или     сроден факултет од областа Бизнис/ Економија
  • Познавање од областа на истражување на пазари
  • Активно користење на MS Office и интернет пребарувачи
  • Возачка дозвола-Б категорија
  • Активно користење на англиски јазик

 

Искуство:

  •  Работно искуство во продажба минимум 5 години, искуство со маркетинг минимум 1 година и минимум 3 години на раководна позиција

Работни задачи и одговорности:

  • Анализа на пазарот и трендовите
  • Предвидување, планирање , имплементација и евалуација на продажната стратегија
  • Истажување и идентификување на нови можности за развој и ширење
  • Планирање на целите и активностите на одделот, како и следење на реализацијата како и имплементацијата на процесите
  • Планирање и организирање на работните задачи на вработените од тимот
  • Развој и реализација на маркетинг активностите
  • Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.

Вештини и способности:

  • Способност за дефинирање SMART цели
  • Лидерски способности
  • Способност за работа под притисок и запазување на рокови
  • Способност за тимска работа со акцент врз постојано унапредување на работата на тимот
  • Способност за решавање на проблеми и носење одлуки
  • Способност за следење на новитети и постојано учење
  • Аналитички способности
  • Способност за преговарање
  • Вештини за влијание

 

Ние нудиме:

  • Конкурентни месечни примања
  • Работа со најквалитени брендови
  • Програми за личен и професионален развој
  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок
  •  

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 - 16:00 часот, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »