Проектен координатор

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на Проект Координатор за имплементација на планираните активност во проектот From Disability to FoodAbility.  

 

 

Проект координаторот треба да:

 

• Има високо образование од областа на општествени науки (по можност социјални науки, хуманистички науки) ;

• Има знаење за проектен менаџмент;

• Одлични вештини за планирање, имплементација и проектно известување;

• Одлично вештини за комуникација и тимска работа;

• Одлично познавање на англискиот јазик;

• MS Windows, MS Office компјутерски вештини;

 

 

Проект координаторот пожелно е да има искуство во:

 

• Координирање и поддршка на проекти во делот на социјална кохезија, интеграција на лица со попреченост во заедницата;

• Работа со проекти во рурални средини/рурален развој;

• Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;

 

 

Проект координатор мора да биде способен да:

 

• Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи

• Работа во атмосфера на родова еднаквост

• Работа под притисок и краток рок

• Работа во тим

 

 

Обврките на проект координаторот опфаќаат:


Ги следи развиените постапки и протоколи на НФФ во согласност со Проектот за институционална поддршка на НФФ;

• Промовира добра волја и разбирање на работата во организација за застапување на земјоделците и развој на руралните средини, со општа цел за поддршка на потребите и интересите на фармерите за развој и одржливост на руралните области;

• Координирање на сите задачи и одговорности во врска со проектните активности според годишните планови и одобрениот буџет;

• Комуникација и соработка со релевантни институции поврзани со проектот, вклучувајќи ги и државните институции, локалните заедници, невладините организации, деловните субјекти и другите релевантни страни;

• Анализа и проекции на потенцијални проблеми и ризици во спроведувањето на проектот и информирање на Проект Менаџерот на НФФ и Извршниот Директор;

• Изготвува годишни, како и квартални оперативни планови за проектот во тесна соработка со Финансискиот менаџер и Извршниот Директор, како и во консултација со одговорниот програмски директор во We Effect; Работа со банкарска сметка на проектот заедно со Финансискиот менаџер по претходно одобрување од Извршниот директор;

• Координаторот на проектот подготвува извештаи за напредок (полугодишни и годишни извештаи ) на проектот

• Други обврски кои можат да произлезат за време на реализација на проектот, а се однесуваат на директна реализација на целите на истиот;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до  16.06.2019 година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »