Директор на сектор

За компанијата: Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позицијата:

 

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ДЕЛОВНА МРЕЖА

 

Директорот на сектор деловна мрежа е лице со посебни права и одговорности согласно Законот за банки и Изјавата за основање на штедилницата. Делокругот на работа, потребните квалификации и вештини за огласената позиција вклучуваат:

 

 

 Опис на работните задачи,   одговорности и овластувања

 

  • Одговорен/а е да раководи со деловните процеси во сектор деловна мрежа – мрежата на експозитури и службите во рамки на секторот, согласно поставените краткорочни и долгорочни цели,

 

  • Ја организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за вработените со цел квалитетно и навремено извршување и постигнување на поставените цели,

 

  • Одговорен/а е за одржување и унапредување на продажбата на продуктите на штедилницата,

 

  • Го управува кредитното и штедното портфолио на штедилница согласно кредитните и штедните политики дефинирани согласно законската регулатива и зададените стратешки цели на штедилницата,

 

  • Конципира системи за продукција  и одржување на исплатливи кредитни и штедни продукти и креира и одржува продажно ориентирана култура на вработените и градење на долгорочни и квалитетни релации со клиентите,

 

  • Го следи, контролира и оценува работењето на вработените во секторот и предлага мерки за подобрување,

 

  • Ги следи, имплементира и работи согласно позитивните законски прописи и Законот за банки,

 

  • Одговорен/а е за усогласеност на внатрешните процеси, практики и документација во секторот со законската регулатива и законот за банки,

 

  • Учествува во работни групи и одбори со останатите членови на раководниот тим со цел квалитетно имплементирање и реализација на стратешките цели.

           

 

 Потребни квалификации

 

  • Високо образование од областа на економските или други комплементарни науки,

 

  • Најмалку 5 години работно искуство во банка, штедилница, финансиска институција и/или слична дејност, од кои најмалку 2 години искуство во раководење и развој на процеси и луѓе во делот на кредитирање, развој на финансиски продукти и продажба,

 

  • Одлично познавање на Законот за банки, добро познавање на економските текови и практично разбирање за финансиските пазари,

 

  • Исклучителни организациски, менаџерски и лидерски способности,

 

  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.

 

 

 Препорачани вештини и   квалитети

 

 

  • Претприемачки дух,
  • Способност за деловно расудување,
  • Лидерство и мотивираност,
  • Посветеност на мисијата и визијата,
  • Личен и професионален интегритет,
  • Способност за градење релации,
  • Способност за носење одлуки преку соработка,
  • Ефективно комуницирање,
  • Агилност и адаптибилност,
  • Разбирање и вреднување на различноста.

 

 

Од кандидатите кои ги имаат потребните квалификации и поседуваат поголем дел од препорачаните вештини и квалитети, се очекува да приложат:

  • Биографија (најмногу 500 зборови)
  • Мотивациско писмо (најмногу 300 зборови)

 

 

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 31 јануари 2023 година на адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Директор на деловна мрежа”.

 

Од кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе се побара да приложат визија за континуитет и развој на деловниот сектор на штедилницата (најмногу 2000 зборови), со вклучени:

  • Ситуациона анализа на секторот,
  • Сопствено разбирање на кредитната политика на Штедилница Можности,
  • Потребни ресурси и начин за нивно обезбедување.

 

За подготовка на визијата, на кандидатите им се достапни информации и документи на Штедилница Можности, достапни на веб адресата: www.moznosti.com.mk, вклучувајќи:

  • Извештаи и податоци на Штедилница Можности со 30.06.2022 година,
  • IFRS ревизорски извештај на Штедилница Можности за 2021 година.

 

Селекцијата на кандидатите ќе се изврши преку постапка која ќе вклучи оценка на поднесените документи и презентација на визијата, со последователни прашања.

 

За резултатите од оценката на поднесените документи ќе бидат известени само кандидатите селектирани за понатамошниот тек на постапката.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »