ОПЕРАТОР

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Фруктал Мак а.д. Скопје- фабрика за преработка на овошје и производство на квалитетни овошните сокови, нектари и пијалоци изработени без конзерванси, отвара можност за вработување. За нивните потреби, Декра ја огласува следната позиција:

  • ОПЕРАТОР 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Ракува и управува со опремата за полнење на сокови, дување шишиња и опремата за преработка на овошје;
  • Го изведува чистењето и стерилизацијата на опремата и нејзината околина;
  • Ја одржува хигиената на линиите и работниот простор и личната хигиена;
  • Извршува редовно и вонредно сервисирање на производните линии;
  • Води посебна грижа за квалитетот на производство и економичноста во работењето, во согласност барањата на припремената техничко технолошка документација;
  • Директно е одговорен за спроведувањето на посебните услови за контрола пропишани за оваа работна позиција во документацијата и стерилноста на производот;
  • Се придржува кон мерките за HTZ и PPZ.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум завршено средно образование (машинска, електро, хемиска или прехрамбена насока);
  • Пожелно претходно работно искуство во прехрамбена индустрија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
  • Посветеност, лојалност и ориентираност кон остваруање резултати.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Клиентот нуди можност за континуирани обуки и тренинг, како и можност за работа на машини со различни автоматизации.

Работното време е 8 часа, во 3 смени.

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 06/02/2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »