За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент СОКО Горица, компанија специјализирана за производство на сокови, со пласман на 35 пазари на 5 континенти, кое брои над 80 вработени, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Развој на маркетинг стратегија и планирање на кампањи кои можат да ги промовираат производите на сегашните и на потенцијалните клиенти;
- Имплементација на маркетинг кампањите од идеја до финална анализа на перформансите на маркетинг кампањите;
- Создавање привлечна и информативна содржина за веб-страната, социјалните медиуми и сите други маркетинг канали кои може да бидат од бенефит;
- Градење одржливи односи и партнерства со други клучни играчи како што се добавувачи, рекламни агенции, креативните уметници и сл;
- Планирање и организирање настани, саеми, конференции итн;
- Анализа на податоци за да се идентификуваат можностите за раст на постоечките пазари или развој на нови пазари;
- Воспоставување долгорочни стратешки планови за постигнување на целите на компанијата, како што се зголемување на свеста за брендот или зголемување на уделот на пазарот;
- Развивање и имплементација на стратегии за привлекување нови клиенти, зголемување на свеста за брендот и зголемување на лојалноста од постојните клиенти;
- Развој на нови производи врз основа на преференциите на клиентите и трендовите на пазарот;
- Одредување кои методи на рекламирање се најефективни за компанијата врз основа на трошоците, досегот и повратот на инвестицијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС ( маркетинг или сродни области );
- Минимум 5 годишно искуство на слична позиција во маркетинг;
- Како предност ќе се смета познавањето на алатки за графичка продукција и менаџирање на социјални мрежи.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија – активно возачко искуство.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]