Дистрибутер / Возач

За компанијата: Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година. повеќе за компанијата »

Македонијалек е првата веледрогерија во Македонија, со повеќе од 40-годишна традиција и врвни достигнувања во фармацевтската дејност. Преку иновативен и современ начин на работа придонесуваме во пронаоѓање решенија за предизвиците на нашето време.

Со децениска посветеност и континуиран напредок во работењето, Македонијалек прерасна во организирана компанија, лидер во дејноста.

Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за засилување и проширување на тимoт во Сектор Логистика,и во таа насока имаме потреба од вработување на:

ДИСТРИБУТЕР / ВОЗАЧ

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Возачка дозвола Б и Ц категорија / управување со лесно товарно возило
  • Претходно работно искуство во дистрибуција (возач)

Одговорности и работни задачи:

  • Навремено, точно и безбедно врши дистрибуција на производи до комитенти
  • Учествува во товарање и растоварување на производите за испорака
  • Проследува придружна документација
  • Одржува хигиена,  уредност и техничка исправност на возилото за кое е задолжен

Потребни вештини:

  • Тимски дух
  • Позитивен став за справување со стресни и конфликтни ситуации
  • Одговорност, чесност, посветеност

Работата се одвива во смени.

Македонијалек покрај конкурентен паричен надомест, ви нуди работа во пријатна, пријателска и динамична работна средина,со можност за професионален и личен развој.

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »