МЕНАЏЕР ЗА АПАРАТИ

  • Објавен на 10.2017
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 16.10.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155
  • Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 79 подружници.

 

                                          За работа на територијата на Град Скопје, потребен е

 

                                                              МЕНАЏЕР ЗА АПАРАТИ

 

Основни должности:

  • Одговорен/а за подигнување на профитабилноста на апаратите
  • Зголемување и оптимизација на бројот на апарати во системот
  • Пратење на пазарот во доменот на апарати
  • Анализа на работењето на  апаратите по региони и деловни единици
  • Креирање услови за работа на апаратите на секоја посебна локација во системот во соработка со релевантните сектори
  • Да воспостави систем за надгледување и контрола на работата на апаратите, профитабилноста на апаратите, исправност и редовност во одржување на апаратите
  • Активно учество во креирање на маркетинг акции за подобра работата на апаратите во соработка со секторот маркетинг
  • Одговорен е за деловната комуникација со надворешните соработници и документацијата за апаратите на Уплатните места
  • Активно учестува во одредување на положбата на апаратите на уплатните места во соработка со останатите релевантни сектори
  • Анализа на процедурите од оваа област, изработка на предлози за промена на постоечките и изработка на нови, усогласување со останатите процедури во рамки на компанијата како и пратење и контрола на нивната промена
  • Дефинирање на ризикот во работењето од својот домен, определување на превентивни мерки, анализа и следење на нивната примена
  • Изработува извештаи за профитабилност на апаратите и предлози за зголемување на профитабилноста

 

Услови:

  1. VII степен стручна спрема, менаџмент, економија, техничко образование
  2. Минимум 3 годишно работно искуство во областа
  3. Познавање на правната регулатива и законите од областа
  4. Познавање на основите на финансиите (анализа на резултати) и разбирање на потребите на корисниците на услугите
  5. Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот
  6. Познавање на англиски и српски јазик.
  7. Способност за организирање и планирање
  8. Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуникација (писмени и усмени)
  9. Изразени вештини на раководење,
  10. Преговарање и договарање

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 16.10.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »