За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »Хилл Скопје за својот клиент, германска фармацевтска компанија присутна низ цела Европа, бара самостојна, организирана и мотивирана личност за позицијата:
Медицински претставник
Квалификации:
- ВСС – доктор по медицина/ стоматологија или дипломиран фармацевт
- Искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Динамичност, флексибилност и самоиницијативност
Одговорности:
- Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
- Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
- Учество и организирање на стручни собири
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 02.07.2018, со назнака за позицијата.
E - mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.