Менаџер на хотел Епинал

  • Објавен пред 3 месеци
  • Декра
  • Активен до 20.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Епинал ја пишува историјата на Битола која сега продолжува во ново светло. Неизбежно приметлива класика и украс на Широк сокак кој со генерации е и ќе остане уникатно и оригинално место за уживање на вистинските боеми, за поминување на време со саканите, за состанување на заљубените и за забава до доцните часови на најмладите.

Во срцето на Битола продолжуваме да ја чуваме традицијата и да ги следиме новите времиња и трендови како би ја понудиле најдобрата можна услуга на нашите гости. Секогаш сме подготвени да ја зачуваме и продолжиме нашата приказна и со следните генерации.

Биди дел од тимот кој што ќе ја продолжи магијата на хотелот Епинал!

Опис на работно место:

  • Оперативен менаџмент на сите функции во хотелот;
  • Ги води клучните функции на хотелот вклучително и капитални проекти, услуга и унапредување на перформансите;
  • Одговорен за подготовка, презентација и сериско достигнување на оперативен буџет, маркетинг план, план за продажба и капитален буџет;
  • Одговорен за профитабилноста на хотелот и редовно постигнување на таргетите за приходи и задоволство на гостите;
  • Изготвува хотелски буџет и поставува краткорочни и долгорочни цели за неговото работење;
  • Развива активности за подобрување и оптимизација на трошоците;
  • Има добро познавање од Биланс на успех;
  • На дневна основа изготвува и ревидира хотелски извештаи;
  • Прави извештаи и прегледи за успех и на единиците под него – храна и пијалоци, соби, администрација;
  • Помага на единиците за набавки и договори со трети страни;
  • Работи на проекција на кариерен пат за сите вработени;
  • Одговорен за нови клиенти на хотелот и нивно задоволство.

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство со хотелски менаџмент;
  • Високо образование.

Дополнителни информации:

Компанијата нуди можност за професионален раст и развој, преку учество на семинари, тренинзи и конференции.

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/05/2019

Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

КЛИКНИ