Теренски продажен агент за индустриски машини

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Термалифт ДД е компанија чија дејност е производство на уреди за кревање и пренесување. Тоа вклучува увоз, репарација и продажба на вилушкари и испорака и монтажа на лифтови на територијата на Република Македонија и регионот.

Термалифт е ексклузивен, независен дистрибутер на ТОЈОТА вилушкари за Македонија, Албанија и Косово. 
Моментално располага со над 350 вилушкари на лагер спремни за испорака од разни типови и брендови и околу 70 вработени во сите сектори кои ја сочинуваат Термалифт.

Во име на својот клиент, Декра ја огласува позицијата: 

  • Теренски продажен агент за индустриски машини

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Запознавање на купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовна политика и сите услови на соработка;
  • Креирање и одржување база на потенцијални клиенти;
  • Планирање и организирање на продажните активности/посети;
  • Следење на продажбата и преземање активности за зголемување на продажбата;
  • Континуирано учење на технички карактеристики на производите;
  • Следење на работата на конкуренцијата;
  • Организирање на работата на конкуренцијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Преферирано работно искуство во областа на продажба на автомобили и индустриски машини;
  • Пожелно е завршено Високо образование;
  • Возачка дозвола-Б категорија;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Пожелно е познавање на ERP и CRM системи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е: 24/05/2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »