Помлад специјалист за човечки ресурси

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Ние сме ДЕКРА, германска компанија која веќе 16 години е лидер на македонскиот и регионалниот пазар во областа на ХР услуги. Доаѓаме од култура каде што силно веруваме дека тимската работа води кон успех, а нашата цел е да ги споиме луѓето и работата. Растејќи континуирано, во моментов бараме нов член на нашиот тим:

  • Помлад специјалист за човечки ресурси

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Имплементација и реализација на процеси на регрутација и селекција на кадри;
  • Учество и реализација на истражувања на пазар на труд во различни индустрии;
  • Работа на проекти во областа на ЧР ( employer branding, тренинзи, проценки, работа на интернационални и регионални проекти, консултации во областа на човечки ресурси);
  • Комуникација и координација со клиенти.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС во областа на психологија ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office;
  • Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
  • Способност за самостојна работа и работа во тим;
  • Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективност;
  • Одлични комуникациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 18.01.2024

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

** Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »