Административен асистент / Секретар

Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, лиценцирана компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ / СЕКРЕТАР

Одговорности и задачи:

  • Организира административни, финансиски и организациски задачи при работењето
  • Прием и проследување на повици, прием на нарачки, проследување на документи
  • Деловна коресподенција
  • Прием и пречекување на клиенти
  • Водење на деловодна книга, архивирање на документи и подготовка на извештаи
  • Набавка на канцелариски материјали
  • Останата административна поддршка

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност
  • Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите

Личен профил:

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Аналитички способности, упорни и енергични
  • Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност и учтивост
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: jobs@fms.com.mk, со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

КЛИКНИ