Машински техничар

Фирмата Алфатек Сервис и Услуги од Скопје има потреба од вработување на техничко лице со средна или висока стручна подготовка од областа на индустриско – машинско одржување.

Потребни се сериозни и одговорни личности за вработување на подолг временски период.

Работните обврски вклучуваат:

  • Одржување на опрема и механизација во производствен погон,
  • Реализирање на однапред дадени работни налози во договорена временска рамка со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа,
  • Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата,
  • Заварување со кислород и ацетилен на различни делови и конструктивни елементи, како и санација на оштетени метални конструкции,
  • Водење на група од 20 работници; организирање, водење и контрола на работните активности и задолженија,
  • Водење на секојдневна евиденција во работен дневник
  • Водење на кадрова евиденција
  • Задолжително поседување на возачка дозвола,  Б – категорија

Квалификации на кандидатот: 

  • ССС/IV или ВСС степен на стручна подготовка, машински техничар,
  • Работно искуство е пожелно,  
  • Познавање и работа на компјутер.

Плата по договор согласно квалификациите на кандидатот.

Работно време 8:00 – 16:00 од понеделник до петок. Секоја прекувремена работа се плаќа соодветно.

Сите заинтересирани да испратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или да се јават на телефонскиот број 02/ 55 12 991

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »