ОДРЖУВАЊЕ/ХАУС МАЈСТОР

  • Објавен на 1.2019
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 27.01.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155
  • Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, констанотно унапредување на услугите и сваќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.   

 

                                За нашата регионална дирекција во Скопје потребен ни е

 

                                                       ОДРЖУВАЊЕ/ХАУС МАЈСТОР          

                                                                  2 ИЗВРШИТЕЛИ

 

Основни должности:

  1. Тековно одржување на сите подружници во Македонија
  2. Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации
  3. Отклонување на ситни дефекти на водоводните инсталации и браварски работи
  4. Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
  5. Контрола на работењето и одржување на системите за вентилација, климатизација и греење
  6. Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
  7. Одржување на мрежата на ТВ уреди
  8. Одржување на светлечките реклами
  9. Одржување на останатиот инвентар во подружниците
  10. Помош на другите сектори и служби во случај на потреба
  11. Уредно водење патни налози
  12. Следење на исправноста на возилото и пропратната опрема на возилото  кое го користи
  13. Пополнување на електронски патен налог
  14. Водење сметка за потрошувачката на горивото

 

Услови:

  1. Средна стручна спрема, машинска или електро насока
  2. Најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни позиции
  3. Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  4. Дополнителни знаења: работа со компјутер
  5. Одговорна и вредна особа, со претприемачки дух и отворена за соработка
  6. Исклучителна брзина и прецизност во работата, сигурност и организираност

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [email protected]k. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 27.01.2019 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »