Промовирани огласи »

Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти.

Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa.

Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Северна Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Северна Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот.

Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти).

Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Северна Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето.

Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места.

Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението.

Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.  

Промовирани огласи »

Горивата од полноќ ќе се продаваат со значително зголемена цена во однос на претходниот период. Бензините поскапуваат за 2,5 денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за два денари по литар.

Бензинот БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар, додека цената на БС-98 ќе изнесува 85 денари за литар.

Дизелот од полноќ ќе чини 83,5 денари за литар, а Екстра лесно маслото ќе чини 83 денари за литар.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 15 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.

Моментално вработува:

МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Моментално вработува:

TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST
DEVOPS/SYSTEM ADMINISTRATOR

ГАЛЕНИУМ ФАРМ АПТЕКА како општествено одговорна, модерна и растечка компанија повеќе од 14 години обезбедуваме високо квалитетна и професионална здравствена услуга за сите граѓани на Република Северна Македонија. Стручниот и професионален тим од дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари постојано се стреми за квалитетна и долготрајна промоција на здрави животни навики, совети за здрав и квалитетен живот на сите наши пациенти.

Моментално сме во потрага по:

ФАРМАЦЕВТ - ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР

Гемма Инженеринг компанија која се бави со градешништво, проектирање, инженеринг, ентериер - уредување и реновирање го проширува својот тим.

Моментално вработува:

АРХИТЕКТ ПРОЕКТАНТ
АРХИТЕКТ/ПРОЕКТАНТ НА МЕБЕЛ ЗА ВО ПРОДАЖБА

BtoBet е пионер во технолошките решенија за спортско обложување и онлајн казино, обезбедувајќи наградувани решенија за спортско обложување и онлајн казино и целосен опсег на услуги за управување на нашите партнери. Технолошката интелигенција во сржта на нашите производи и длабокото знаење на локално ниво, заедно со нашата желба да најдеме иновативни решенија ни овозможуваат да ги предвидиме идните потреби на индустријата, што резултира со конкурентна предност за нашите партнери. BtoBet и сите негови производи и услуги се целосно усогласени на регулираните пазари ширум светот.

Моментално вработува:

TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST
SENIOR .NET DEVELOPER
HEAD OF DEVELOPMENT

The body shop е козметички бренд кој верува дека бизнисот може да биде сила за добро и ги става луѓето и планетата на прво место, влегува на македонскиот пазар. Изработува производи кои содржат состојки од етички извори и природно потекло кои помагаат телата да се чувствуваат прекрасно и негувано.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ/КА
МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона го прошируваа својот тим.

Сите активни работни позиции за ВАН ХООЛ можете да ги најдете ТУКА.

БАПАЛ со претприемничка идеа за тоа време, основа компанија која го означи почетокот на една нова епоха во чистењето и одржувањето на различни типови на објекти. Идеја која им овозможува на стопанствениците на различни типови на објекти да добијат соодветна, професионална и достапна услуга за целовкупно одржување на објектите.

Моментално вработува:

ДАКТИЛОГРАФКА

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на навните клиенти.

Моментално вработува:

ИТ АДМИНИСТРАТОР

Доклолку сеуште го немате пронајдено вашето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мајорел го најавува првиот настан за вработување за оваа година, Ден на Отворени врати (Virtual Open Day). Со цел да им се даде можност на сите заинтересирани кандидати од цела држава да се запознаат со Мајорел и работните можности, настанот ќе се одржи онлајн на 01.02.23 преку платформата Teams.

Virtual Open Day е настан за сите што имаат познавање од германски и англиски јазик. Ќе се запознаете со работните можности на Мајорел и ќе имате можност за кратко 10-минутно интервју за работа.

Настанот ќе опфати кратка презентација за Мајорел вклучувајќи и споделување исксуство од вработени. По презентацијата селектираните кандидати според пополнетата пријава ќе имаат можност за индивидуално кратко интервју за работа.

Настанот ќе се одржи онлајн преку Microsoft Teams платформата на 01.02.23 од 16:30 – 18:00 часот.

Агенда:

  • 16:00 - 16:05 – добредојде
  • 16:05 - 16:25 – презентација за Мајорел и споделување искуство на вработени
  • 16:25 - 16:30 – прашања
  • 16:30 - 18:00 - интервјуа за работа со селектираните кандидати

За учество во настанот потребно е да ја пополните пријавата до 29.01.23 на следниов линк - https://bit.ly/3GGi7W6

До 31.01.23, пријавените кандидати ќе добијат емиал со детали и линк за вклучување во настанот.

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на некои од светски користените странски јазици.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »