Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Флекс Кредит ДОО Скопје е небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку филијали рапространети низ целата територија на државата.

Моментално вработува:

ТИМ ЛИДЕР – КУМАНОВО
ТИМ ЛИДЕР - СКОПЈЕ / ИЛИНДЕН
ИТ ТЕХНИЧАР
ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА – НЕГОТИНО
ТИМ ЛИДЕР – ОХРИД

УНИЦЕФ е основан пред повеќе од седумдесет години за да одговори на критичните потреби на децата. Како организација е задолжена да се грижи за правата на децата низ целиот свет.

Моментално вработува:

EDUCATION OFFICER, NOA, TA

ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

ГЕМА ИНЖЕНЕРИНГ е градежна фирма и претпријатие кое се бави со проектирање, инженеринг, ентериер - уредување и реновирање.

Моментално вработува:

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден.

Моментално вработува:

ДОСТАВУВАЧИ

ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури.

Моментално вработува:

ПОМЛАД БЛАГАЈНИК ВО ФИЛИЈАЛА КУМАНОВО

Цермат ДОО од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.

Моментално вработува:

РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ – БИТОЛА
ДИСТРИБУТЕР/ДОСТАВУВАЧ – БИТОЛА
АСИСТЕНТ ЗА МЕЃУНАРОДНА КОРЕСПОНДЕНЦИЈА – БИТОЛА
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА ОДРЖУВАЊЕ НА ДВОРНО МЕСТО – БИТОЛА

Gulf е најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила, а во моментов работи во повеќе од 100 земји ширум светот.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ВО МАРКЕТ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА – ГЕВГЕЛИЈА

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата.

Моментално вработува:

RISK, FRAUD AND PAYMENTS MANAGER
FINANCE OFFICER -PROCUREMENT

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Постојат докази во невронауката дека само принудувајќи се да се смеете може да генерира некои од овие ефекти, но тогаш тие се многу помалку изразени отколку ако тоа е вистински иницирано.

Врската помеѓу среќата и продуктивноста постои веќе некое време, но дури неодамна е откриено дека „луѓето кои се среќни, работат понапорно“.

За работните места каде што луѓето работат во тим, смеата е многу добар начин за зајакнување на врските помеѓу тимот и во исто време, намалување на стресот.

Важна точка што треба да се истакне е дека еден од знаците на хроничен стрес е губењето на смислата за хумор и може да ја украде таа смисла за хумор и да ви ја одземе способноста да ја видите смешната страна на животот.

Дејстувајќи позитивно на вашиот ум и тело, смеата помага да се ослободите од стресот и анкциозноста кои се непријател број еден кога се работи за креативност. Имено, тие ве блокираат и не дозволуваат да се поместите ментално, а понекогаш дури и физички. Смеата ја прекинува оваа блокада така да можете да почнете да размислувате побрзо. Кога успевате да најдете извор на смеа на момент, поспособни сте да предлагате иновативни решенија без страв од критика.

Затоа, смејте се повеќе!

Промовирани огласи »

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2.100 денари. 

Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот. 

Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тримесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, рече Лукаревска.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември лани го утврди Предлог-текстот на законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 04.05.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 05.05.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »