Промовирани огласи »

Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. 

Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови. 

Од Министерството за економија велат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани.

Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, 30 јуни, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови, велат од Министерството за МИА.

Според Министерството, долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа.

Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, додаваат од Министерството за економија. 

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со Одлуката, највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), бел шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и на мало. Највисоката трговска маржа, пак, за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, се утврди во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Промовирани огласи »

Во трговијата на мало во мај годинава во споредба со мај лани е евидентиран пад и на реалната и на номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 24, 9  проценти, а реално за 13,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Податоците на ДЗС покажуваат зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 17,9  проценти, а реално за 5 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,5 проценти, а реално за 1.4 проценти, како и воТ рговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво каде прометот номинално расте за 4,9  проценти, а реално опаѓа за 2,5  проценти. 

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин.  

Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули.

Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија.

Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може да се очекува драматично поскапување. Согласно предвидувањата, истакна, цената на електричната енергија во 2024 година ќе биде 160 евра за мегават час. Годинава во март беше 120 - 130 евра, во април 110 - 120 евра, исто беше и во мај, јуни и јули, но останува да се види како ќе биде во останатиот дел од годината.  

Имаше технички проблеми за кои треба време да се надминат. Операторот сакаше евтината тарифа да почне од 1 јули следната година, но успеавме да се разбереме и да се договориме да почне од 1 декември. Ова е најрано кога можеше да почне евтината тарифа. Евтината тарифа ќе значи и пет отсто линерано налмалување на цената на електриччната енергија, истакна Бислимоски во интервју за Канал 5 телевизија.

Во регионот, додаде, освен во еден дел на БиХ, во ниту една земја не постои евтина тарифа, а не посоти ниту во Европа.

Од 1 декември дневна евтина тарифа кај нас ќе има, што е придбвика за граѓаните, тие ги изградиле термо и хидро електраните и редно е да им се врати на тие луѓе со евтина тарифа во текот на денот. Инаку, после Србија, имаме најниска цена на струјата за домаќинствата во Европа. Всушност, цената на струјата за домаќинствата во Македонија е најниска, освен во Србија, а со воведувањето на евтината тарифа, мислам дека ќе имаме најниска цена на електрична енергија во Европа, подвлече претседателот на РКЕ.  

Тој повтори дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и тој процес ќе почне во наредните година, две или три.

Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем, подвлече Бислимоски.

Во интервјуто, тој уште еднаш порача дека мора да почне замената на јагленот со природен гас. Ќе мора да се градат, рече, и нови производни капацитети.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

MAINTENANCE TEAM LEADER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ- ТЕТОВО И ГОСТИВАР (Ж/М)

Panteleon GS гради тим од светска класа од врвни професионалци за финансии, сметководство и логистика за да го поддржи нашиот постојано растечки список на клиенти.

Моментално вработува:

24/7 SUPPORT OPERATIONS SPECIALIST
CHIEF TECHNOLOGY OFFICER (CTO)
IT SUPPORT SPECIALIST
FACTORING SALES
JUNIOR ACCOUNTANT
INSURANCE SPECIALIST
FINANCE OFFICER

Фортон е врвна консултантска глобална компанија.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Витек е италијанска компанија специјализирана за производство на висококвалитетни хидраулични цевки и приклучоци.

Моментално вработува:

ЗАВАРУВАЧ
ОПЕРАТОР НА МАШИНА
ХИГИЕНИЧАР

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Моментално вработува:

LIQUOR SHOP - АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА
МАГАЦИОНЕР
СУПЕРВИЗОР / КОНТРОЛОР

Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него.

Моментално вработува:

ОПЕРАТИВЕН РАБОТНИК ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДТСВО НА CO2
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес сме сосредоточени на тоа да ги приближиме врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Моментално вработува:

УРЕДНИК ВО ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 28 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/ШАНКЕР ВО РЕСТОРАН DAILY ЗЕБРА
САДОМИЈАЧ/КА ВО РЕСТОРАН DAILY ЗЕБРА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »