Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално отворена позиција:

COKE SUMMERSHIP 2024

TBM Group е Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија; тоа е инкубатор за таленти.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AGENT

Фејдом Фурнитуре е светски производител на гарнитури  произведени во Македонија, од кои 95%  се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

Моментално вработува:

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
СТОЛАР
ТАПЕТАР
ШИВАЧИ/КИ
ЛЕПАЧ (М/Ж)

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Fitness House е подеднакво вложен во создавање на удобна, топла и модерна атмосфера во која ќе уживате во храната од нашето мени. Процесот на подготовка во кујната се одвива според највисоките стандарди и крајниот резултат секогаш се служи љубезно и пријателски.

Моментално вработува:

УГОСТИТЕЛСКИ ПЕРСОНАЛ (ЦЕНТАР И НОВА ЛОКАЦИЈА АЕРОДРОМ)

Еурофарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
МАГАЦИОНЕР-ПАКУВАЧ

Aлма-М иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕУРСИ
УНАПРЕДУВАЧИ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) - СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Токсична работна средина е околина на работа каде што владее негативна атмосфера и култура, што може да има негативни последици на здравјето, добробитта и перформансите на вработените. Таа може да се креира поради неколку фактори, вклучувајќи лош менаџмент, недоволна комуникација, конкуренција помеѓу колегите, стереотипи, дискриминација, и непријатни односи помеѓу колегите.

Некои од карактеристиките на токсична работна средина вклучуваат:

  • Лош менаџмент

Менаџерите кои не се адекватни во управувањето на тимовите и не ги поддржуваат вработените може да создадат токсична работна средина. Ова може да вклучува лошо управување на конфликти, недостаток на лидерски вештини и недостаток на почит кон вработените.

  • Недостаток на комуникација

Атмосферата на работното место може да стане токсична кога нема отворена и ефикасна комуникација помеѓу вработените и менаџментот. Недостатокот на комуникација може да резултира во недоразбирања, дезинформираност и страв од критика или реприманди.

  • Конкуренција и стереотипи

Ако вработените се ставаат во конкурентен однос помеѓу себе или ако има стереотипи во работната култура, тоа може да ја зголеми напетоста и негативно влијае на работната средина.

  • Непријатни односи помеѓу колегите

Груби, непријатни или агресивни односи помеѓу колегите може да создадат токсична атмосфера на работното место. Ова може да вклучува психичко или физичко малтретирање, вршење на притисок и манипулација.

Токсичната работна средина може да има сериозни последици на здравјето, добробитта и перформансите на вработените, како и на целокупната продуктивност и успех на организацијата. Затоа е важно да се препознаат и адресираат било какви негативни аспекти на работната средина за да се создаде здрава и поддржувачка работна култура.

Промовирани огласи »

За оваа работа во Македонија нудат и до 1 000 евра бонус за добредојде: Се бара само 1 услов, а може да се работи и од дома!

Германската компанија Teleperformance продолжува со вработување на стотици познавачи на германскиот јазик, овојпат нудејќи и до 1 000 евра бонус за добредојде за новите вработени кои ќе се приклучат на компанијата.

Teleperformance, водечка германска компанија за дигитални услуги и корисничка поддршка, ја шири својата дејност низ Македонија и нуди атрактивни можности за вработување и кариера за познавачите на германскиот јазик.

Препознатлив по своите високи стандарди за работа, професионалност и конкурентни плати, Teleperformance оди чекор понапред и на новите вработени кои успешно ќе ја добијат работата, ќе им исплати и неверојатен бонус за добредојде кој достигнува до 1 000 евра.

Условот за вработување и натаму останува да биде германскиот јазик, а да аплицираат може и кандидати од останатите градови во Македонија. За овие кандидати, компанијата нуди можност за работа од дома и бонус за добредојде од 500 евра.

Секој што е заинтересиран да стане дел од оваа компанија, може да аплицира брзо и лесно преку веб страницата www.TPSkopje.com.

Зошто Teleperformance е привлечен работодавач?

Teleperformance има повеќе од 460 канцеларии во над 80 земји во светот, а компанијата е успешна и кај нас, каде по отворањето на канцелариите во Скопје успеа да вработи над 700 вработени. Компанијата располага со ултра модерни канцеларии во срцето на Скопје, а на вработените им овозможува работни услови по германски стандарди.

Teleperformance се издвојува од другите благодарение на своите натпросечни плати и бројните поволности што ги нуди на вработените. Една од најзначајните поволности е можноста за работа од дома за кандидатите од другите градови, притоа обезбедувајќи целосна опрема за работа, договор за вработување од првиот ден и комплетна обука за работното место.

Со ова, Teleperformance ги прави своите работни места достапни за познавачите на германскиот јазик низ целата држава, без оглед на тоа каде живеат и од каде преферираат да работат.

За работата и работните услови

Работната позиција која се нуди е советник за корисничка поддршка, позиција која вклучува давање на професионални и услужно ориентирани совети за клиентите на едни од најпрестижните глобални брендови.

Teleperformance соработува со над 1 000 реномирани компании ширум светот, обезбедувајќи висококвалитетни услуги, а тимот во Македонија е значаен дел од оваа глобална мрежа и придонесува за континуираниот успех на компанијата.

Главниот услов за аплицирање е солидно познавање на германскиот јазик, а ова е одлична можност за оние кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски вештини и да го започнат својот пат кон успешна кариера.

Како да аплицираш?

Ако имате познавање на германскиот јазик и барате работа која нуди флексибилност, стабилност и атрактивни финансиски услови, Teleperformance е идеалната опција за вас. Аплицирајте за работа од канцеларија или од дома на www.TPSkopje.com и добијте одлично работно место и до 1 000 евра бонус за добредојде во големото семејство на Teleperformance.

Промовирани огласи »

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Се уште не вработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »