Промовирани огласи »

Новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија Балкан енерџи во Скопје (БЕГ) стартува од утре, велат од компанијата и потенцираат дека Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) даде одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради падот на температурите.

– Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи на РМ, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ, појаснуваат од БЕГ.

Според нив, почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да донесе зголемување на авансните сметки што ги добиваат граѓаните.

– Согласно прописите секој ден до 15 октомври се следи временската прогноза и само доколку прогнозата за средната надворешна температура е еднаква или под 12 степени Целзиусови ќе има испорака на топлинска енергија. Во деновите кога прогнозата за средната надворешна температура ќе биде повисока од 12 степени Целзиусови, испорака на топлинска енергија нема да има, велат од БЕГ и додаваат дека од 15 октомври до 15 април ќе се врши редовна испорака на топлинска енергија, согласно утврдените правила и во континуитет.

Од БЕГ апелираат потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација и тоа веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија, за топлинската станица и за функционална електрична инсталација).

Компанијата ги информира сите потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следниот линк http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или со СМС порака на следниве телефонските броеви: 076 350 298, 078 207 056 и 070-369-337.

Промовирани огласи »

Најголемата банка во Каталонија, Сабадељ, ја разгледува можноста за промена на адресата на централата по најавата на каталонските власти следната недела да прогласат независност.

УО на банката ќе одржи состанок за да разгледа како да се задржи работењето под правните рамики на ЕЦБ. Банката може да се регистрира во Мадрид, Аликанте или Овиедо, иако централата најверојатно би останала во Барселона.

Банката Сабадељ не сакаше да ги коментира медиумските наводи.

Акциите на банката, кои беа во пад во текот на изминатите неколку дена, вчера малку пораснаа по шпекулациите за промена на адресата. 

Промовирани огласи »

Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска помош за исплата на минимална плата за месец септември 2017 до месец август 2018 година, велат од Управата за јавни приходи.

Финансиската помош се обезбедува за период од месец септември 2017 до месец февруари 2018 година во следните износи:

– 2.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил до 10.000 денари;
– 1.500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената нето плата за овој период им бил помеѓу 10.001 и 10.500 денари;
– 1.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 10.501 и 11.000 денари и
– 500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 11.001 и 11.500 денари.
Финансиската помош за исплата на минималната плата за месец март 2018 до месец август 2018 година, изнесува 50% од наведените износи.

Пресметка на просечен износ на исплатената месечна нето плата во јануари, февруари и март 2017
Пресметката на просечниот износ на исплатената месечна нето плата во јануари, февруари и март 2017 заклучно со 31.08.2017 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во сите три месеци, при што вкупниот број на одработени часови (ефективни часови, надоместок за боледување на товар на работодавачот, прекувремени часови) во овие три месеци се дели со износот на пресметаната нето плата во трите месеци, при што се добива нето плата по час. Овој износ се споредува со пресметаната плата по час, согласно праговите на исплатена плата утврдена со законот и се одредува категорија на финансиска помош.

Барање за финансиска помош
Барањето за обезбедување на финансиската помош, работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош.

За барање за користење на финансиска помош, внесете ја шифрата 401 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Услови за обезбедување на финансиска помош
Работодавачот за обезбедување на финансиската помош треба да ги исполнува следните услови:
– работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или персонален данок на доход за вработеното лице за кое бара финансиска помош;
– работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно член 477, 477-а , 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва;
– работодавачот во 2016 година да остварил загуба или нето добивка по оданочување во износ помал од 10% од вкупните расходи и
– работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

Известување на работодавачот за правото на финансиска помош
Во Декларацијата за прием, работодавачот кој за вработеното лице ги исполнува условите од членот 4-а од законот и условите од член 4-в став (1) алинеја 1, 2 и 3 од законот, ќе се генерира известување дека се исполнети условите од законот, за обезбедување на финансиска помош. По истекот на месецот за кој се обезбедува финансиска помош, ќе се провери дали работодавачот ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Доколку и овој услов е исполнет, на работодавачот ќе му се исплати финансиската помош.
Доколку работодавачот не ги исполни условите од законот, во Декларацијата за прием ќе се генерира предупредување со порака кој услов од законот работодавачот не го исполнува. Декларацијата за прием нема да биде одбиена поради предупредувањето, туку истото служи за информирање на работодавачот дека нема да следи исплата на финансиска помош.

Исплатата на финансиската помош
Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Исплатата на финансиската помош од се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Обврски на работодавачот – корисник на финансиска помош
Работодавачот кој ќе добие финансиска помош е должен да го задржи на работа работникот за кој добива помош минимум една година по завршувањето на помошта. Во спротивно работодавачот е должен е да го врати износот на добиената финансиска помош, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал помош, освен во случај на остварување на право на пензија или смрт на работникот.

НАПОМЕНА: Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 09/2017 година, а не побарале обезбедување на финансиска помош истото може да го сторат со поднесување на исправка (103) само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош. Барање за финансиска помош може да се поднесе само од работодавачи – правни лица во конечна пресметка или во исправка на пресметката, односно не се опфатени аконтативни пресметки.

Извор - емагазин

Промовирани огласи »

огатите луѓе одделуваат многу пари на социјални иницијативи и добротворни организации. Примери во овој поглед се двајца од најпознатите претприемачи во светот - Бил Гејтс и Ворен Бафет. И двајцата активно донираат како дел од обврската „ Giving Pledge“.

Списание The Chronicle of Philanthropy го претстави во септември својот извештај "Philanthropy 50", посветен на донирање. Во него, исто така, се сместени најголемите донатори во САД од 2000 година.

Резултатите едвај изненадиле многумина кои следат вести и знаат дека најбогатите милијардери се меѓу најголемите донатори.

А сепак, првото место може и да ве изненади, бидејќи на него не е најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.

Основачот на Мајкрософт останува на втората позиција. Донирал 22% од своето богатство, или 18 милијарди долари.

Број еден во ранг-листата е Ворен Бафет. Легендарниот инвеститор донирал повеќе од двапати повеќе - 46 милијарди долари, што е 71% од целото негово богатство.

Трето место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој донирал 10 отсто од своето богатство или 4,5 милијарди долари.

Ако се прашувате кој е последниот на листата, тогаш тоа е, исто така, еден од најбогатите луѓе на планетата - основачот и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Засега донирал само 0,1% од своето лично богатство.

Но, веројатно оваа сума ќе порасне многу наскоро, бидејќи неодамна Безос објави анкета на својот профил на Твитер, прашувајќи што ќе го советуваат каде да донира дел од неговата вредност од над 80 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »