Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник одлучува за цената на горивата во земјава, односно дали ќе се зголеми или намали нивната цената.
![](/uploads/articles/goriva-petrol-dizel-benzinostancija_ec3ec62e94.jpg)
Неделава возачите ќе точат горива по иста цена како минатата недела, а одлуката е да не се менува цената на бензините, ниту на дизелот.
Цената на бензин „Евросупер БС-95“ останува иста и ќе се точи по цена од 69,5 денари за литар,додека бензинот „Евросупер БС-98“ ќе продолжи да се полни по 71,5 денар за литар, а дизелот по цена од 61,5 денар за литар.
Цената наЕкстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) регулаторната комисија за енергетика одлучи да се зголемува за половина денар и со тоа новата цена изнесува 51,5 денар за литар.
Од друга страна пак мазутот ќе чини синоќа на полноќ се продава по цена од 34,181 денари за килограм.