Промовирани огласи »

Сокотаб ДООЕЛ Битола, име зад кое стои долга историја, традиција, успешност, иновативност, бренд има потреба од ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ: https://kariera.mk/job/2xUGIGwwDkO3J3fJqV8YKQ/it-specijalist

ДПСИ Кединг е во потрага по ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР - КОНСТРУКТИВНА НАСОКА: https://kariera.mk/job/1Wu0lpMoQkWCfe9n9j6P-g/gradezhen-inzhener-konstruktivna-nasoka

Eрак Груп е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт, логистика, туризам и угостителство. Поради проширување на тимот има потреба од ВОЗАЧИ НА АВТОБУС ЗА ВНАТРЕШЕН И НАДВОРЕШЕН ТРАНСПОРТ - 3 ПОЗИЦИИ: https://kariera.mk/job/5hyLdGUwtUqxcy6jJZ1cgw/vozach-na-avtobus

Приватна агенција за вработување Мотиви, за потребите на свој клиент, приватна аптека од Реон Чаир, објавува оглас за ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/PNA9Zm1SbUWBFXUJXeqXpQ/diplomiran-farmacevt-i-farmacevtski-tehnichar

Tom Tailor го проширува својот тим со АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/-vlHD16wfkan2KGfFqkv6Q/asistent-vo-prodazhba

Дуна со отворени работни места за:

Цивитта МК има потреба од ANALYST: https://kariera.mk/job/_MRBP3EWQ0aGydvFKYs9tA/analyst

Промовирани огласи »

Управниот одбор на Балфин Групација, под посебно покровителство на претседателот Самир Мане и другите компании на Групацијата, денес одлучија да издвојат 1,2 милиони евра за жртвите од земјотресот во Албанија.

Покрај оваа распределена сума, компаниите на „Балфин груп“, како Спар, Нептун, Џамбо, итн., не само од Албанија, туку и од Косово, Македонија, Босна и други земји, беа блиску со жителите уште првиот ден, помагајќи им со потребните средства и храна. 

Од групата Балфин велат дека нејзината помош ќе продолжи секојдневно.

Промовирани огласи »

Black Friday акција во НЕПТУН од 27.11-02.12.2019г.! Пристигнаа најголемите попусти во годината со супер понуди, големи заштеди и до 60 рати! За време на оваа голема акција потрошувачите ќе може да уживаат во шопингот! Во НЕПТУН продавниците ширум Македонија и онлајн на www.NEPTUN.mk потрошувачите може да најдат одлични понуди и најголем избор на производи од сите категории. Со оваа акција во фокус се купувачите и целта e да заштедат повеќе со секоја купопродажба во НЕПТУН. Покрај големите заштеди на сите промо производи, членовите на широко познатата “Neptun haPPy” лојална програма добиваат и наградни поени кои подоцна може да ги користат за следна купопродажба.

Тие може да изберат од најголемиот избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Целокупната понуда за “Neptun - Black Friday”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

Во октомври НЕПТУН ја отвори новата ПРЕМИУМ продавница во Карпош во „Скопје Сити Мол”. Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново ПРЕМИУМ купувачко искуство. Новиот ПРЕМИУМ концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби. Ве покануваме и вие да го искусите ПРЕМИУМ концептот на новата НЕПТУН продавница.

НЕПТУН најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, НЕПТУН е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

Од година во година, финскиот образовен систем се прогласува за еден од најдобрите во светот.

Образованието игра клучна улога во човечкиот, социјалниот и економскиот развој. Тоа се смета за човеково право, а истото поттикнува рамноправност помеѓу половите, мир и го зголемува квалитетот на животот на поединецот. 

Но, луѓето во неразвиените земји речиси и немаат пристап до квалитетното образование, додека оние во развиените земји имаат повисока стапка на писменост и подобро образование. Со самото тоа, граѓаните подоцна имаат можност да добијат подобро платени работи и да си обезбедат подобар животен квалитет.

За да се види како поединечни земји се рангирани кога станува збор за образовниот систем, секоја година се вршат неколку различни истражувања, а Финска редовно се наоѓа на самиот врв.

Во што е нивната тајна?

Чести курикуларни реформи

Конректно во нивното школство, на секои 4 години се спроведуваат курикуларни реформи. Имено, на образованието му се придава големо значење и се следат резултатите од “PISA” тестирањата, а потоа се осмислуваат реформите. Иако се спроведуваат на национално ниво, тие се прилагодуваат и на локално ниво, а наставниците посебно се плаќаат за работата на тие реформи.

Опуштена атмосфера и забава

Иако образованието се сфаќа сериозно, како што се наведува на веб-страницата на Финската национална агенција за образование, програмата се темели на учење низ игра, за децата што помалку да бидат изложени на стрес. Токму затоа, наставата често се одржува во природа и голем дел од времето поминато на училиште е посветено на игра, забава, дружење и спортски активности. Исто така, по секој училишен час кој трае 45 минути, следува одмор во времетраење од 15 минути.

Наставниците се ценат и имаат слобода

Во Финска, наставниците имаат плата во ранк на адвокат или доктор, а во нивната професија им е допуштена максимална слобода. Сепак, тоа не значи дека не мора да се придржуваат до реформите и општите насоки. Освен тоа, му се придава важност на секој ученик поединечно и наставниците се дополнително платени за, на оние кои им е потребно, по наставата да им се дадат инструкции по предметите со кои тие имаат потешкотии.

Но, работата на наставниците постојано се надгледува и доколку истата не е задоволителна, следуваат санкции.

Помалку домашни задачи

Не е вистина дека тие не постојат, но децата во Финска генерално имаат помалку домашни задачи во однос на нивните врсници во другите развиени земји, што им остава повеќе време за игра и забава кога ќе дојдат дома, пишува “World Economic Forum”.

Дигитализација

Во Финска, дигитализацијата не ја гледаат како нужно зло и го прилагодуваат образовниот систем на времето во кое живеат. Она што може да се научи преку таблет или лаптоп, така и се учи, а на децата им се овозможува бесплатна технологија која им е потребна за учењето.

Исто така, на сите ученици сè до факултет им е обезбеден бесплатен оброк, но и учебници и други школски материјали.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »