ИТ Специјалист

Сокотаб ДООЕЛ Битола, име зад кое стои долга историја, традиција, успешност, иновативност, бренд во индустријата за откуп и преработка на тутун, вработува и охрабрува да станете дел од нашата успешна приказна. Компанијата има потреба од:

ИТ Специјалист

1 (еден) извршител

Одговорен за инсталација, конфигурација, одржување и следење на ИТ инфраструктурата и услугите на Компанијата, вклучувајќи ја мрежната инфраструктура како и апликации за сервер и софтвер. Извршителот обезбедува техничка поддршка и обука за корисниците на компјутерски апликации и хардвер. Одговорен за развој и имплементација на информациската, комуникациската и Cloud инфраструктура и апликации.

Одговорности:

  • Инсталација, конфигурација и одржување на компонентите на ИТ инфраструктурата (софтвер, хардвер и мрежи), на локалната инфраструктура и/ или на Cloud.
  • Обезбедува непрекината работа на доделената ИТ инфраструктура и системи
    • Детектира и решава дефекти (прва линија на поддршка);
    • Иницира и следи корективни активности;
    • Извршува надградби (системски, безбедносни...) и инсталации на системите.
  • Ги евидентира безбедносните подесувања на сите инфраструктурни компоненти и системи со цел да осигура дека правата и привилегиите на пристап и/или безбедносните конфигурации на системите се поставени врз основа на соодветно барање и дека сите промени се целосно документирани.
  • Овозможува техничка поддршка при добиени барања од страна на корисници во филијалата, регионалните канцеларии или ограноци (лично, по телефон или на меил), а кои се во врска со компјутерските системи, софтвер или хардвер, дава консултации и тренинг на работно место, и проверува дали проблемите се решени.   
  • Имплементира и одржува Cloud решенија или активира нови услуги на Cloud врз основа на постоечките потреби, и ги едуцира корисниците за поефикасна адаптација на Cloud.
  • Го координира нарачувањето и одржува ажурна евиденција на компонентите на ИТ инфраструктурата (хардвер, софтвер, мрежни компоненти, резервни делови за компјутери, итн.), со цел овозможување зголемена достапност на ИТ инфраструктурата и услугите, согласно компаниските процедури и политики.

ЗАБЕЛЕШКАОвој опис не е сеопфатен. Вработениот може да има и други обврски со цел исполнување на потребите на компанијата  

Профил

Образование и искуство

  • Универзитетска диплома по информатички технологии и наука или слична дисциплина.
  • За предност ќе се смета доколку имате сертификат за работа од Microsoft, Cisco, ITIL, Azure Cloud Services или слични технологии/практики.
  • Професионално искуство на слична позиција за одржување на системи и обезбедување корисничка поддршка 

Други вештини и компетенции

  • Познавање на ИТ инфраструктура, безбедност на системи, back up/restore на податоци, разни оперативни системи и платформи.
  • Солидно познавање и искуство во работа со мрежи (LAN/WAN технологија, компоненти, протоколи) и  управување со безбедносни програми.
  • Практично искуство со инсталација на клиентски компјутери и работа во виртуелна околина (инсталација и одржување на виртуелни сервери).
  • Познавање на O365 апликации и Cloud технологиите.
  • Солидно познавање на англиски јазик.
  • Капацитет  за јасна комуникација и способност да објасни технички проблем на лица без технички познавања.

Што нудиме

  • Конкурентна плата и бенефити
  • Можност за соработка со тимови од други земји  
  • Пријатна, ослободена од предрасуди и здрава работна средина во меѓународна компанија
  • Континуирана можност за развој (коучинг и обуки на работно место, обуки, сертифицирање)
  • Баланс помеѓу професионалниот и Вашиот приватен живот

 

Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивациско писмо), најдоцна до 09.12. 2019г. на следната адреса:

Сокотаб ДООЕЛ Битола

Оддел за човечки ресурси

с. Драгожани, 7000 Битола

Со назнака: ИТ специјалист

или на e-mail  адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Вашата апликација мора да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна документација (копии од документите за потврда на наведеното образование, дипломи, лиценци, референтни документи, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.

Сокотаб ДООЕЛ Битола има дискреционо право да изврши избор на потенцијални успешни кандидати во законски предвидениот рок. Само кандидатите кои поседуваат соодветни квалификации ќе бидат понатаму контактирани.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »