Доналд Трамп сака да ги трансформира познатите визи H-1B како мерка за борба против измами и злоупотреби. Тоа сепак ќе остане ограничена мерка во отсуство на големата законодавна реформа, сметаат експертите.
Овие работни визи со одреден лимит за престој кои се високо ценети од специјализираните компании во областа на високата технологија се наменети за научници, инженери и програмери. Токму тие им овозможуваат на многу Индијци да стигнат до Силиконската долина.
Претседателот на САД ќе го потпише подоцна во текот на денот декретот кој ги поттикнува соодветните министерства (на трудот, за правда и за домашна безбедност) да предложат реформи, за да може програмата H-1B да се врати во неговата оригинална намена. Тоа значи да им се даваат визи на најквалификуваните кандидати за највисокоплатените позиции.
„Долго време, наместо да дозволи да доаѓаат само најдобрите, програмата H-1B се применуваше на штета на американските работници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Според него оваа програма помогнала во технолошкиот сектор во САД да дојде бран од работници, кои се релативно слабо квалификувани и нископлатени. Потпишувањето на овој декрет треба да обезбеди два основни за претседателот приоритетот - да се купува американското и да се вработат Американци.
Работните визи H-1B за САД му даваат право на носителот да престојува и работи легално во САД. Со таква виза може да се престојува во САД до 3 години, а по желба, работодавачот може да го продолжи рокот на визата до шест години. Оваа виза му дава право на семејството на носителот и да престојува во САД заедно со него.