Промовирани огласи »

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.  За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции: 

ФАРБАР/ПРИМПРЕМАЧ

ФАРБАР/ЛАКИРАЧ 

ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА 

СТОЛАРИ – ДЕЛОВИ 

ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР 

ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА 

МЕХАНИЧАРИ – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ИНСТАЛАТЕРИ-ОПШТИ МОНТЕРИ – ЗАВРШНА ДОРАБОТКА 

ИНСТАЛАТЕР НА ПРОЗОРЦИ 

ЗАВАРУВАЧИ 

ЕЛЕЛКТРО ИНСТАЛАТЕРИ – ЗАВРШНА ДОРАБОТКА 

ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА 

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕРИ – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ЕЛЕКТРИЧАРИ – ДЕЛОВИ 

АВТОЛИМАРИ-МОНТЕРИ

MEХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА 

КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ 

АВТОЛАКЕР 

ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА 

ИНЖЕНЕР ЗА СОФТВЕР ЗА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛИ 

ИНЖЕНЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЈАЧИНА

Промовирани огласи »

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис.

Како што е пракса во Грција и како што редовно информира МИА, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не. 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со задоволство ве информира за сите отворени работни места! Доколку итно бараш работа, ова е содржина која задолжително треба да ја прочиташ. Твојата апликација за новото работно место е одлука за промена и унапредување на твојот кариерен пат! 

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1 Македонија, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. Токму овој период од годината, регрутираат нови членови во скоро сите тимови од компанијата. ТУКА, можеш да ги погледнеш отворените работни места и деталите за нив. 

ТИМ ЛИДЕР-ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ

КРЕДИТЕН ИНСПЕКТОР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Имаат отворено 2 работни позиции: ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / НОВО СЕЛО СТРУМИЦА и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / БИТОЛА

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Погледни ги сите отворени работни места во РАМСТОР ТУКА

ЖИТО маркети вработувааат продажен персонал за повеќе локации низ цело Скопје и АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

KAM MARKET доо е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев. КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени.
Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен  е Менаџери во Филијала Битола, Скопје, Гостивар и Прилеп за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити.

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. Во моментов вработуваат РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во СТРУМИЦА И РАДОВИШ.

Compass Management International е во потрага по COLLECTIONS REPRESENTATIVE во Куманово.

Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари низ Македонија, соопшти Народната Банка, укажувајќи кој е начинот лесно да се провери дали станува збор за фалсификат и како граѓаните да се заштитат.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност.

Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на следнава слика:

Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, којшто е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно ќе се воочи дека е имитиран:

Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водениот печат. Водениот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина:

Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка: https://www.nbrm.mk/karakteristiki-na-novite-knizni-pari.nspx

Веб страната на НБРМ содржи податоци и информации за монетарната политика, банкарскиот систем, банкарската супервизија и регулатива, финансиската стабилност, истражува~ката работа, платните системи, финансиските.

Доколку забележите фалсификувана банкнота, треба да се обратите до банките или до Министерството за внатрешни работи, коишто понатаму ќе постапат во согласност со своите надлежности.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »