
За компанијата:
За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »
НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на: Директор на финансии (1 извршител)
Потребни квалификации:
Стручна подготовка: Високо образование (240 ЕКТС или VII/1 степен) – Економски факултет.
Посебни знаења и способности: Познавање на финансиско и сметководствено работење; познавање на даночните прописи; познавање на МСФИ; аналитички, организациски и менаџерски способности; развиени комуникациски и преговарачки вештини; активно користење на MS Office, особено Excel, како и работа со финансиски и ERP системи; познавање на англиски јазик.
Работно искуство: Најмалку 5 (пет) години работно искуство во областа на финансии, сметководство или ревизија, од кои најмалку 2 (две) години на раководна позиција.
Работни задачи:
- Раководи, организира, координира и го контролира финансиското работење на друштвото во согласност со законските прописи, сметководствените стандарди и интерните акти на друштвото.
- Ја планира, предлага и спроведува финансиската стратегија на друштвото во согласност со деловната стратегија и развојните цели.
- Го организира процесот на изработка, следење и контрола на годишните, среднорочните и краткорочните финансиски планови и буџети.
- Го следи и анализира паричниот тек (cash flow), приходите, расходите, побарувањата, обврските, задолжувањата и останатите финансиски показатели и предлага мерки за подобрување на финансиските резултати.
- Раководи со подготовката, контролата и навременото изготвување на финансиските извештаи, вклучувајќи биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови, извештаи за менаџментот и сите законски пропишани финансиски извештаи.
- Воспоставува, применува и унапредува систем на финансиско управување, интерни финансиски контроли и управување со финансиски ризици.
- Предлага мерки за намалување на трошоците, оптимизација на процесите и поефикасно користење на ресурсите.
- Обезбедува законитост, точност и транспарентност во финансиското работење.
- Координира активности со надворешни ревизори, даночни советници, банки, финансиски институции и други надлежни органи.
- Воспоставува и одржува деловна соработка со банки, финансиски институции, инвеститори и други деловни партнери.
- Подготвува финансиски анализи, извештаи и препораки за потребите на Управителот, Генералниот менаџер и органите на управување.
- Изработува и предлага интерни финансиски и сметководствени политики и процедури.
- Врши и други работи од областа на финансиското работење по налог на Генералниот менаџер или Управителот, во согласност со закон и интересите на друштвото.
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина
- Редовни месечни примања
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »