
За компанијата:
За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »
НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на: Комерцијален директор (1 извршител)
Потребни квалификации:
- Стручна подготовка: Високо образование (240 ЕКТС или VII/1 степен) – Економски, Машински, Правен факултет или друго соодветно високо образование.
Посебни знаења и способности: Познавање на комерцијално и договорно работење, аналитички, организациски и менаџерски способности, одлични комуникациски и преговарачки вештини, MS Office и ERP системи, познавање на англиски јазик.
Работно искуство: Најмалку 5 (пет) години работно искуство во областа на продажба, комерцијално работење, маркетинг или набавка, од кои најмалку 2 (две) години на раководна позиција.
Работни задачи:
- Раководи, организира, координира и ја контролира работата на комерцијалната функција на друштвото.
- Учествува во изготвување и реализација на годишните, среднорочните и краткорочните планови за продажба, набавка и развој на пазарот.
- Ги планира, организира и контролира активностите поврзани со продажбата на производите и/или услугите на друштвото.
- Воспоставува, развива и одржува деловни односи со домашни и странски купувачи, добавувачи и други деловни партнери.
- Води преговори и учествува во подготовка, склучување и реализација на договори од комерцијален карактер.
- Ги следи резултатите од продажбата, наплатата на побарувањата и исполнувањето на договорните обврски и предлага мерки за подобрување.
- Ги анализира комерцијалните резултати врз основа на извештаите доставени од организациската единица контролинг и дава образложенија за остварените резултати, отстапувањата од планот и причините за истите.
- Соработува со финансиската функција и организациската единица контролинг во планирањето на приходите, следењето на наплатата и управувањето со побарувањата.
- Обезбедува законито, економично и ефикасно извршување на комерцијалните активности.
- Го следи спроведувањето на законските прописи и интерните акти од областа на комерцијалното работење.
- Го организира и координира работењето на вработените во рамките на комерцијалната функција и ја следи нивната успешност.
- Врши и други работи по налог на Генералниот менаџер или Управителот.
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина
- Редовни месечни примања
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »