СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Сигурноста на луѓето значи планирање на животот денес, со одговорност кон нашата и иднината на нашите најблиски.

Кроациа Осигурување е посветена да создаде вредност  за сите граѓани кои се свесни за ризикот на денешното брзо живеење и оние кои сакаат да го заштитат своето семејство и најблиските, се со цел да ги заштити нивните интереси, да овозможи сигурност на нивните средства и да создаде профит со соодветно инвестирање.

Услугите и решенијата со кој управува Кроациа Осигурување е вложување во сопствената иднина, со што се постигнува двојна цел- Осигурување на Живот и заштеда со повисоки приноси.  

Како резултат на своите деловни операции за вршење на промоција и продажба на своите услуги, работејќи на остварување на својата цел, Кроациа Осигурување- Живот овозможува работни места во Секторот за Продажба на Животно Осигурување за сите лица кои имаат желба за работа, развој на личен и професионален план и се со висока амбиција да градат кариера во првата и водечка компанија на пазарот за животно осигурување во Македонија.

Кроациа Осигурување – Живот уште од првиот ден Ви нуди:

  • Вработување на полно работно време;
  • Конкурентна плата и бенефиции;
  • Сеопфатна обука и посветено, професионално менторство во првите месеци на процесот на воведување на работното место;
  • Поддршка, следење и наградување на работните успеси од првиот ден на вработување;
  • Континуирано вложување во личниот и кариерен развој на секој вработен во Кроациа Осигурување –Живот.

Доколку се гледате себе си како дел од семејството на Кроациа Осигурување – Живот, Декра Ве охрабрува да аплицирате на следнава е-маил адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 05.06.2019 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »