Сервисер во обука,за сервисирање на клима уреди

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • ИЦС Груп ДОО
  • Активен до 29.06.2022
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3109949
  • Веб: www.icsgroup.mk

СЕРВИСЕР во обука, за сервисирање на клима уреди

Цел на работното место: Сервисирање на клима уреди и топлотни пумпи од премиум брендот DAIKIN, работа на објекти на одржување на системите за греење и ладење, пуштање на опремата во работа и сл.

Квалификации:

  • Без или со минимално искуство на исто или слично работно место
  • Диплома од средно стручно образование (предност Електротехнички или Електромашински смер)
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Основни познавање на MS Office пакетот   

 

Вештини/ способности:

  • Предиспозиции за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации /работа на терен
  • Желба за учење и развој и надградување на знаењето

Клучни лични карактеристики: Комуникативност и работа во тим, самоиницијативност, прецизност и точност, одличен однос кон детали, педантност, уредност, лична одговорност.

Ние нудиме:

  • Опсег на нето плата во зависност од искуството
  • Дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Програми за личен и професионален развој (работа со ментор)
  • Работа со најквалитетните брендови

 

Работната позиција е во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса   [најави се за да го видиш е-маилот]    (со назнака за работно место Сервисер во обука)

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »