Машиснки Оператор CNC

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:

 

Машиснки Оператор CNC

Работни задачи:

  • Врши машинска обработка на делови и склопови
  • Чита и применува техничка документација
  • Подготвува мерен, стезен и контролен алат
  • Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери, позиционира, порамнува и сл.)
  • Изработува пробно парче, го доставува на контрола и по потреба спроведува корекции
  • Ја надгледува работата на машините и по потреба помага во разрешување на недостатоци и проблеми во машинската обработка
  • Врши машинска обработка на делови (оперира ЦНЦ и/или класична машина)
  • Врши финална обработка на произведените парчиња со браварски операции (турпијање, шмирглање, симнување рабови, естетско дотерување, полирање и сл.)
  • Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката
  • Ја надгледува работата на машините, открива и пријавува неисправности во функционирањето на машината
  • Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
  • Врши подредување, пакување и обележување на изработените парчиња согласно техничката документација
  • Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции (работен налог, SPC листи и сл.)
  • По потреба извршува и други работни операции.

Услови:

  • Образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично)
  • Искуство со работа на CNC машини или работа во производство
  • Познавање на техничка документација и технички цртеж
  • Подготвеност за работа во смени

Понуда

  • Компетитивни редовни месечни примања
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон 
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »