За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје бул.3-та Македонска бригада бр.92 - Скопје го проширува својот тим и распишува оглас
Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени со својот личен став и знаење да дадат придонес во работењето на компанијата.
Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.
Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место
КОМЕРЦИЈАЛЕН - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК (повеќе извршители)
- за Скопје, Централна и Источна Македонија
Потребни квалификации:
- VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски , Медицински, Стоматолошки или Ветеринарен факултет
- Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи
Опис на работата:
- Секојдневна посета на лекари и фармацевти
- Промоција и презентација на производите
- Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
- Редовни извештаи од теренската работа
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Учество и организирање на стручни и едукативни собири
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
- Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Работа во амбициозен и професионален тим
- Континуирана едукација и стимулативна работа
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.
Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 11.09.2024 год. на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор
Слични огласи »