Градежен инженер

(преземи го огласот како PDF)

Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.

 

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот

 

О Г Л А С

ЗА РАБОТНО МЕСТО

 

1 (еден) градежен инженер во Завод лабораторија за работа во Централна лабораторија во Скопје и објекти во Република Северна Македонија и странство со следниве:

 

  • Неопходни компетенции:
  • Високо образование со 240 или 300 ЕКТС (Градежен факултет),
  • Со или без работно искуство
  • поседување на А или Б овластувања за изведба и надзор издадени од КОАИ на Република Северна Македонија ќе се смета за предност
  • солидно познавање на англиски јазик (говорење / комуникација и пишување)
  • работа со компјутери и познавање на MS Office, Internet и Auto CAD
  • работа во лабораториски услови и
  • поседување возачка дозвола Б категорија.

 

Работниот однос се заснова на определено време, со можност за продолжување.

 

  • Конкурентска предност за работната позиција:

 

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, способност за работа со различни тимови, фокусираност кон детали
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење и личен развој
  • Справување со проблеми

 

  • Ние нудиме:

 

  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.

 

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

 

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку електронска пошта на [најави се за да го видиш е-маилот]

Телефон за контакт 02/3091-945

 

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од неговото објавување.

 

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

 

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.

 

 

Известување за приватност на кандидатите за вработување

Опис на процесот на обработка на лични податоци

Селекција на кандидати за вработување во ГИ МАКЕДОНИЈА АД Скопје

Правен основ

Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020

Контролор

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје             (посетете ја нашата web страна www.gim.com.mk)

Кои лични податоци ги обработуваме и кој има пристап до нив

Вршиме обработка на личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија

Пристап до Вашите лични податоци имаат вработените и менаџерите одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор

Од каде ги добиваме Вашите податоци

Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или

[најави се за да го видиш е-маилот]

Зошто ги обработуваме Вашите податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција

Колку време ги чуваме вашите лични биографии

Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот

Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате забелешка во однос на обработката на Вашите лични податоци можете да го конрактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »