Оператор во производство

За компанијата: Теламон е специјализиран за решенија за телекомуникациски мрежи и услуги за индустриско склопување. Нашата цел е да го поедноставиме вашиот бизнис со зголемување на ефикасноста и рационализирање на работењето. повеќе за компанијата »

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работници за отворена работна позиција во оддел Производство.

За поддршка на нашата фабрика во Скопје (Инџиково), во потрага сме по Оператори во производство, кои ги делат нашите вредности.

Основни обврски и одговорности:

  • Составување на индустриски делови според упатствата за процесот на квалитет користејќи разни алатки. 
  • Тестирање на склопената опрема. 

Работната позиција опфаќа:

  • Работење согласно работни упатства и инструкции од претпоставен.
  • Составување и тестирање на составениот производ.
  • Потврдување за адекватно поставување и контрола на сите делови и етикети, согласно упатствата за работа.
  • Евидентирање на серискиот број на делот на серијата.
  • Следење на едноделен проток при склопување на готовите производи.
  • Доколку е потребно вршење дневни превентивни проверки на состојбата на опремата.
  • Сортирање несоодветни материјали.
  • Обучување и следење воспоставени процеси и постапки на Lean производство.
  • Контрола на прв производ.
  • Вршење на работните задачи со полно работно време во траење од 40 часа седмично.
  • Работа во стоечка положба и повторувачки движења со раце.
  • Документирање и одржување запис за инспекција на готови производи. 
  • Почитување на интерните правила и политики, генералното работно време, времето за паузи.

Потребни знаења и вештини: 

  • Самоиницијативен и тимски играч.
  • Спремност да се одговори на задачи кои се надвор од препишаните.
  • Способност да користи или да се обучи да користи разни рачни алати.
  • Способност за изведување основни математички операции (собирање, одземање, множење и делење).
  • Способност за читање и разбирање на инструкциите за работа и на документите за квалитет.
  • Мора да биде детален за да обезбеди квалитет при изработка на производите.
  • Редовност и доколку е потребно прекувремена работа.

Потребно образование и искуство:

  • Диплома за завршено средно образование или нејзин еквивалент;
  • Предност имаат кандидатите со претходно искуство во автомобилската индустрија;

Теламон нуди:

  • Можност за кариерен и личен напредок;
  • Постојано учење и надградување;
  • Организиран превоз;
  • Работа во две смени (06:00-14:00 и 14:00-22:00)

Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »