Референт за Порачки / Набавки

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Активни огласи од HeadHunter:

Сметководител - Овластен Сметководител

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:

Референт за Порачки / Набавки

За позицијата:

Планира, спроведува и известува за активности на интерни порачки, контактира со добавувачи, следи состојба со залихи и организира транспорт на производи.

Главни одговорности:

  • Учествува во изработка на планови за порачки
  • Ги планира потребите од материјали и куповни производи, согласно конструктивна и технолошка документација
  • Чита и применува составници, планира материјали
  • Изготвува барања за порачки, за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
  • Изготвува или учествува во изготвување на царинска документација
  • По потреба обезбедува и организира транспорт на стоки за потребите на компанијата и купувачите
  • Прима интерни и екстерни порачки, ги дистрибуира до одделот од производство поврзан со порачки
  • Ја следи состојбата на залихите
  • Го планира и организира процесот на логистичка поддршка во однос на организација на меѓународен, домашен транспорт, царинење и складирање на материјали.

Квалификации:

  • Минимални барања: Машински инженер, дипломиран економист, бизнис администрација или сродно високо образование.
  • Познавање на Македонски и Англиски јазик – задолжително.
  • Познавање на Microsoft Office.
  • Предност – мин. 2 години работно искуство, работа во Oracle ЕРП софтвер.

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања.
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој.
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина.
  • Пријатна работна атмосфера.

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Сашка Малиновиќ  на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »