Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
  • Завршена специјализација по аналитика и контрола на лекови или дополнителна едукација од производство и контрола на лекови и најмалку две години работно искуство во областа;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.

Работни задачи:

  • Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на одобрение за ставање на лек во промет;
  • Обезбедува следење на производството  на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса.
  • Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од Спецификациите и Одобрението за ставање на лек во промет;
  • Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
  • Го следи процесот на работа и усогласеноста на истиот со останатите сектори.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »