Соработник во регистрација на лекови

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на наш клиент, интернационална фармацевтска компанија, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Соработник во регистрација на лекови

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Изработка и усогласување на документи во склад со барањата на националната регулатива и изработка на регистрациски досиеја;
  • Ажурирање на документација со цел пријава на измени, спрема регулаторните тела;
  • Измени и дополнување на регистрационите досиеја во склад со новите научни и стручни сознанија;
  • Консолидација на досиејата по спроведени измени и дополнувања;
  • Шифрирање на документи;
  • Контакт со регулаторните тела, поднесување на документација, преземање на документи, административни активности на дистрибуција, имплементација и архивирање на документи;
  • Следење на измени во регулативата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршен фармацевтски, медицински факултет;
  • Познавање на регулативата на европските и националните водичи од областа на квалитет на лекови;
  • Најмалку 2 години искуство во регистрација на лекови;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионалност и желба за развој;
  • Одлични презентациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е : 25/03/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »