
За компанијата: Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции:
СМЕТКОВОДИТЕЛ/МАТЕРИЈАЛЕН КНИГОВОДИТЕЛ
Опис на работното место:
- Проверка на примената документација/фактури со пропратна документација што се примаат во фирмата и испраќаат од неа и тоа по формална сметководна и суштинска проверка
- книжење на влезни увозни фактури со пропратна документација (транспорт, шпедиција, царинска декларација) , книжења на продажни домашни и извозни фактури
- Книжење на добиени одобренија и задолженија
- Книжење на документацијата за основни средства и инвестиции (материјални средства во подготовка) книжења на набавка, отуѓување, продавање и расходување
- Пресметка на амортизација
- Ажурно водење на материјална евиденција во врска со приемот и потрошокот, односно состојба на залихи на суровини материјали, горивата, резервните делови , ситниот инвентар, недовршено производство и готови производи, како и на тровска роба
- Проверка на салда на залихи по износ и по количини и нивно слагање со магацинска евиденција од магационери
- Учествува во подготовка на ДДВ пријава
- Издавање и проверка на пописни листи и срамнување со пописни комисии за состојбата на залихи на суровини, материјали, горива, резервни делови, ситен инвентар и основни средства.
Квалификации:
- ВСС – Економски факултет (предност отсек сметководство и ревизија)
- Работно искуство на слични или исти позиции ќе се смета за предност
- Уверение за сметководител и овластен сметководител ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office пакет, Word, Excel, Outlook (предност искуство од контрола на книжења на интегриран софтвер)
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлични комуникациски вештини
- Работа под притисок и почитување на рокови
- Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23.06.2024, со назнака за позиција за која аплицира
Слични огласи »