Инженер во сектор Движење на нафта и нафтени деривати

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата HELLENiQ и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Инженер во сектор Движење на нафта и нафтени деривати

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Ги води, раководи и ги решава оперативните проблеми и хаваријни ситуации на технолошките процеси и постројки поврзани со рекуперација на јаглеводородните гасови при утовар на течни горива, производство на пареа и истовар/утовар и складирање ТНГ;
  • Врши припрема за изведување на ремонтни активности на технолошките постројки, складишни резервоари, технолошки линии, пумпи и друга опрема;
  • Спроведува мерки и активности поврзани со безбедно работење при процесите на истовар, утовар и трансфер на течни горива и ТНГ;
  • Организација и координација на работата во секторот Движење на нафта и деривати околу извршувањето на програмите, плановите и другите задачи;
  • Контрола на извршувањето на дневните планови;
  • Увид во технолошката документација, давање на предлози во врска со реконструкција или подобрување на работните процеси во секторот;
  • Координација на подготвителните и изведбените активности во врска со планските и вонплански ремонти на постројките и опремата во секторот Движење на нафта и деривати;
  • Следење и анализирање на технолошките трошоци и превземање мерки за нивно намалување;
  • Сооработка со главниот инженер во секторот и други организациони единици на ОКТА за разни прашања од тековното работење;
  •  Учество во процесот на одржување на постојната и во изборот на нова опрема;
  •  Учествување во изработка на проекти и елаборати за воведување на нови технолошки линии и подобрувања или реконструкција на постојаната технолошка инфраструктура;
  • Следење и анализа на квалитетот на производите во однос на пропишаните стандарди;
  • Сооработка со соодветните сектори во ОКТА и државни институции околу точноста на мерните инструменти, организација на редовни и вонредни контроли на мерните инструменти;
  • Решавање, во сооработка со соодветни сектори, на тековните прашања околу динамиката на утовар/ истовар, како и рекламациите кои се однесуваат на квалитетот на производите;
  • Следење на отпремата на дериватите на основа на добиени дневни, неделни и месечни извештаи;
  • Изготвување на месечни извештаи за извршените работи од делокругот на работење;
  • При укажана потреба извршува и други работи во доменот на неговата стручна подготовкa.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетско образование - пожелно Технолошки, Машински, Електротехнички факултет;
  • Најмалку 3 години инженерско работно искуство;
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;
  • Познавање на техничките и инсталационите процеси, услови, материјали и релевантни стандарди ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство со нафтени деривати, водење на технолошки процеси вклучителоно и технолошка пареа, цевоводи и цевна инсталација ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство со SAP се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Kомуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oрганизациски и лидерски вештини;
  • Аналитички вештини;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Одговорност и кооперативност;
  • Иницијативност;
  • Мобилност и способност за приспособување на разни работни задачи;
  • Time management вештини;
  • Способност за донесување одлуки;
  • Способност за работа на висина, работа на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати;
  • Професионализам и висок етички стандард.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работното време е од 07:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »