Специјалист за системи за климатизација и вентилација- Климатизација

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, реномирана глобална телекомуникациска компанија, Декра ја огласува следната позиција:

  • Специјалист за системи за климатизација и вентилација- Климатизација  (за реон Скопје и Централна Македонија)

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Координира и реализира активности во делот на превентивно, планско и корективно одржување;
  • Конфигурација на системот / контролерите – подесување и далечински надзор на разладни системи и интеграција со надреден мониторинг систем;
  • Учествува со предлози за унапредување на постојните изведби / системи за климатизација;
  • Координира процес за резервни делови;
  • Анализа на реализирани работни налози;
  • Го одржува нивото на клучните индикатори на перформансот на оптимално ниво преку навремено воочување и корекција на одредени аномалии во инфраструктурата за климатизација;
  • Ефикасна реалiзација на теренски активности, инсталација, управување со инциденти, активности во делот на одржување;
  • Се грижи за прописно користење на целокупната опрема и возила во Секторот , согласно правилата и препораките како државни така и компаниските интерни;
  • Ја органзиира , управува и контролира работата на партнерските фирми (подизведувачи);
  • Извршува и други активности во делот на климатизацијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Технички знаења во делот на климатизацијата;
  • Искуство за управување и одржување на опрема од одредени производители се смета за предност :
    - Клима Ормари (BlueBox, Emerson, Liebert, RC Group);
    -Касетни , канални, конфорни сплит системи ( Toshiba, Daikin, RC Group );
    -Free Cooling (Dantherm).
  • Машински Инженер VII степен или останати сродни технички смерови;
  • Минимум 2 години работно искуство во бараната област, посебно во делот на управување и одржување на системи и опрема за напојување;
  • Работа со компјутер, MS Office;
  • Наменски софтверски апликации – Element Manageri за одредени системи;
  • Познавање на англиски јазик (најголемиот дел од техничката/стручната документација е на англиски јазик);
  • Искуство со работа со уреди за климатизација и документи за работа со фреон;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови;
  • Customer Oriented.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот обезбедува тренинг и едукација за одредени системи, размена на искуства со членки на Компанијата во Регионот и пошироко.

Работното време е 08:00-16:00 , вон работното време се плаќа пасивно дежурство или прекувремени часови.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии на англиски јазик, може да ги испратат на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 30/06/2018

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »